Почеток МАКЕДОНИЈАТетовец возел со 1,94 промили алкохол во крвта

Тетовец возел со 1,94 промили алкохол во крвта

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Четириесет и двегодишен жител на Тетово е приведен поради тоа што возел под дејство на алкохол. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека кај него биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта. 

– На 24.07.2025 во 01:15 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Б.(42) од Тетово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,94 промили промили алкохол во крвта, стои во соопштението од МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можно е и ова да ти се допаѓа