Почеток МАКЕДОНИЈАИзмените на Законот за метрологија донесени во второ читање: Нови критериуми за избор на директорот на Бирото

Измените на Законот за метрологија донесени во второ читање: Нови критериуми за избор на директорот на Бирото

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата денеска беше усвоен во второ читање од Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

До матичната комисија имаше доставено еден амандман кој беше усвоен од предлагачот, а се однесува на изборот на директор на Бирото за метрологија.

Пратеничката од Демократско движење Фериде Хаџиу појасни дека со овој амандман ќе се обезбеди кадар кој не само што има доволно практични вештини, туку и располага со лидерски и управувачки, односно меѓу другото, да има најмалку три години работно искуство на раководна позиција.

Ваквата измена на законот, според неа, ќе овозможи избирање на лица кои се професионални и поседуваат интегритет за вршење на јавната функција.

Инаку со предложените измени на Законот за метрологија се врши изменување на општите услови за именување на директор на Бирото за метрологија во однос на сертификатот, односно уверението со кое се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија, на најмалку ниво Б2, објавувањето во дневни весници и обврската за усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Се додаваат и членови за разрешување на директорот, се додаваат одредби за составот на Метролошкиот совет како стручно и советодавно тело на Бирото во областа на метрологијата, со точно определени надлежни институции кои ќе ги предлагаат членовите и претседателот и се дополнуваат одредби за финансирањето на Бирото.

Можно е и ова да ти се допаѓа