Почеток БАЛКАНТешко злосторство во Црна Гора: Се скарал со сопругата и ја убил ќерката (2) и себеси

Тешко злосторство во Црна Гора: Се скарал со сопругата и ја убил ќерката (2) и себеси

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По расправија со неговата сопруга, со која бил во вонбрачна врска, Ж. Д. (34) од селото Голија кај Никшиќ ја зел својата двегодишна ќерка во раце и се оддалечил во непознат правец.

Полицијата веднаш штом ја примила пријавата започнала потрага, но веќе било предоцна. Телата на Ж.Д. и девојчето ги пронашол неговиот татко, поточно дедото на малото девојче, пренесува РТЦГ.

Полицијата се сомнева дека Ж.Д. (34) ја убил својата двегодишна ќерка, а потоа извршил самоубиство, дознава Вијести неофицијално од полицијата.

На местото на настанот биле испратени полициски службеници и екипа на брза помош, кои ја потврдиле смртта на Ж.Д. и неговото дете.

Истрагата е во тек и ја води државниот обвинител на Вишото државно обвинителство во Подгорица.

The post Тешко злосторство во Црна Гора: Се скарал со сопругата и ја убил ќерката (2) и себеси appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа