Џенифер Лопез која денеска го прославува 56 роденден, повторно предизвика бура од реакции со својот настап, овој пат на фестивалот „Кук мјузик фест“ во Тенерифе.
Во тесен костим кој едвај ги покриваше основните работи, таа изведе исклучително провокативно шоу, со елементи кои, според многу корисници на социјалните мрежи, повеќе личеа на еротски настап отколку на концерт.
Облечена во провидно боди со длабоки прорезови, Џенифер изведе заводлива кореографија за време на настапот – клекна пред еден танчер, седна на рамената на друг со своето тело до неговото лице, а потоа имаше близок контакт со трет маж, додека сензуално допираше уште двајца.
View this post on Instagram
Инаку, за време на настап на летниот фестивал Лука во Италија, таа одлучи да открие што претпочита во кревет.
„Морам да бидам искрена со вас, јас сум во различно расположение навечер. Не знам за вас, но понекогаш ми се допаѓа грубо. Други денови се чувствувам малку романтично. Запалени свеќи и тивка музика. Тие денови сакам да бидам навистина бавна“, рече таа.
Присутните во публиката беа изненадени од нејзината изјава, а таа продолжи:
„Некои денови, можеби затоа што е ново време за мене, можеби затоа што е лето и е жешко надвор, се чувствувам попалаво. Дали некогаш се чувствувате толку палаво? Тие денови ми се допаѓа брзо“.
Социјалните мрежи беа преплавени со коментари.