Почеток СкопјеСтојкоски: Проект за нов водоснабдителен систем во Кучково

Стојкоски: Проект за нов водоснабдителен систем во Кучково

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денес потпиша договор со Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на основен проект за изградба на нов водоснабдителен систем, во вредност од 1.019.512 денари.

-Денес е значаен ден за жителите на село Кучково. Оваа инвестиција претставува клучен чекор кон конечно решавање на долгогодишниот проблем со пристапот до чиста и безбедна питка вода. Општина Ѓорче Петров континуирано вложува напори да обезбеди стабилен и одржлив водоснабдителен систем, кој ќе ги задоволи потребите на сите жители, истакна Стојкоски.

Со реализацијата на овој проект очекуваме:
– стабилно и редовно водоснабдување
– безбедна, проверена и питка вода
– доволни количини за секојдневните потреби на сите домаќинства, дополни Стојкоски.

Градоначалникот Стојкоски истакна дека: Работиме во интерес на граѓаните, со јасна визија: достоинствени услови за живот во сите населени места во нашата општина.

-Изразуваме благодарност до Владата на Република Македонија и до Министерството за животна средина за поддршката и партнерскиот однос. Ова е уште еден доказ дека кога институциите соработуваат, резултатите се видливи и опипливи, потенцира во објавата.

Ова не е само инфраструктурен проект – ова е нов животен стандард. Чекор по чекор, ги решаваме старите проблеми и го градиме урбано и модерно Ѓорче, додаде Стојкоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа