Почеток МАКЕДОНИЈАСобранието го одби предлогот за хуманитарна помош за Газа, Ванковска: И глуви и слепи без трошка совест

Собранието го одби предлогот за хуманитарна помош за Газа, Ванковска: И глуви и слепи без трошка совест

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Собранието денеска го одби предлогот на пратеникот од Европскиот фронт, Скендер Реџепи-Зејд за ставање на дневен ред на Резолуција за Газа. Според резултатите од гласањето, само 16 пратеници во македонското Собрание гласале за хуманитарна помош за Газа. По ваквата одлука, пристигна критика од професорката и поранешна кандидатка за претседателка на државата, Билјана Ванковска.

„И глуви и слепи и без трошка совест – ова се однесува на Собранието, Владата и Претседателката! Молчат како риби 260 денови за злосторства против човечноста“, порача Ванковска.

Европскиот фронт уште претходно најави дека ќе предложи Резолуција за хуманитарната криза во Газа.

-Изразуваме длабока солидарност со палестинското население. Потсетуваме дека секој човечки живот има своја вредност без разлика од каде доаѓа. Имаме морална обврска и ги повикуваме ОН, ЕУ и Исламската конференција за да извршат притисок врз Израел за прекин на хуманитарната блокада. Исто така очекуваме и Владата да изврши дипломатски притисок врз Израел, кажа неодамна Реџепи Зејд на прес-конференција.

The post Собранието го одби предлогот за хуманитарна помош за Газа, Ванковска: И глуви и слепи без трошка совест appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа