Почеток СВЕТ📽 Руските сили го бомбардирале и Харков, најмалку 33 лица повредени

📽 Руските сили го бомбардирале и Харков, најмалку 33 лица повредени

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Покрај нападите врз градот Одеса, руските сили ноќеска го бомбардирале и украинскиот град Харков, неколку часа по завршувањето на третата рунда преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул.

Како што јавија украинските медиуми, руските сили исфрлиле две наведувани авионски бомби над Харков, кој се наоѓа на североистокот на Украина и погодиле станбен квартал. Избиле повеќе пожари, а бројката на повредени е најмалку 33 цивили.

Претходно, во голем нападо со дронови на Одеса беше оштетен споменик на културата заштитен од УНЕСКО во стариот дел на градот. Повредени биле 3 лица.

По преговорите во Истанбул, повторно ноќ на меѓусебни воздушни напади на Русија и Украина

И украинската и руската страна известуваат дека во текот на ноќта и претпладнево собориле десетици дронови на непријателот.

The post 📽 Руските сили го бомбардирале и Харков, најмалку 33 лица повредени appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа