Повеќе од 100 хуманитарни организации предупредуваат дека „масовно гладување“ се шири низ Газа, обвинувајќи го Израел дека не дозволува дистрибуција на храна во рамките на Појасот.
Само во последните неколку дена, повеќе од 20 деца починаа од глад, според Мухамед Абу Салми, директор на болница во градот Газа.
Лекарите известуваат дека се поголем број деца пристигнуваат во болниците поради тешка неухранетост.
Агенцијата за хуманитарна координација на израелската војска соопшти дека околу 2.000 тони храна за бебиња се доставени во Газа преку премините во последните недели.
Сепак, мајките тврдат дека немаат доволно храна за себе, за да можат да ги дојат своите деца и дека има сериозен недостаток на млеко во прав.
„Она што се случува во Газа, бројот на смртни случаи и уништување, е без преседан во поновата историја“, рече Антонио Гутереш, генерален секретар на Обединетите нации.
„Гладот тропа на вратата на сите“, предупреди тој.
The post Слики на ужас од Газа: „Бебиња умираат од глад, прегладнети мајки без млеко, никој не е поштеден“ appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.