Почеток СВЕТХамас даде нов предлот за примирје – Израел смета дека „може да се разговара“

Хамас даде нов предлот за примирје – Израел смета дека „може да се разговара“

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Израел го разгледува изменетиот предлог на палестинското движење Хамас за прекин на огнот и ослободување на заложниците, соопшти денеска Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во меѓувреме во Појасот Газа продолжија израелските воздушни и копнени напади.

Хамас потврди дека предал нов предлог, но не ја откри неговата содржина. Претходната верзија, поднесена во вторникот вечерта посредниците ја отфрлија како недоволна и не ни била проследена до Израел, велат добро упатени извори.

Обете страни се соочуваат со огромен притисок од своите бази но и од меѓународниот фактор да постигнат договор, а во меѓувреме хуманитарната криза во Појасот Газа се влошува, со големиот глад што го шокираше светот.

Израелските медиуми цитираат висок израелски функционер кој вели дека за новиот предлог „може да се разговара“. Сепак, според израелската телевизија Канал 12 нема договор на повидок и дека има несогласувања, вклучувајќи и за тоа од каде израелската војска би требало да се повлече при евентуално примирје.

Палестински функционер упатен во преговорите за „Ројтерс“ вели дека најновата позиција на Хамас е „флексибилна, позитивна и дека ги зема во предвид растечкото страдање во Газа и потребата да се сузбие гладувањето“.

Се смета дека неколку десетици луѓе во последните неколку седмици умреле од глад во Газа. Светската здравствена организација вчера соопшти дека меѓу оние што умреле од неисхранетост во Газа има и 21 дете помало од 5 години.

The post Хамас даде нов предлот за примирје – Израел смета дека „може да се разговара“ appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа