Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабаваНеда Украден во костим за капење на своите пристојни 74 години: Бабата тинејџерка сите ги воодушевува

Неда Украден во костим за капење на своите пристојни 74 години: Бабата тинејџерка сите ги воодушевува

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Лесно им е на девојките да се покажат пред сите во костим за капење на ова топло летно време. Ем млади ем згодни. Тешко им е на госпоѓите во пристојни години, здебелени, со целулит, со спуштени гради. Особено им е тешко на оние што се многу популарни пејачки, како што е Неда Украден.

Интерпретаторката на големиот хит „Зора је сванула“ и ова лето, во својата луксузна куќа во малото место Лепетане на црногорскиот јадрански морски брег, успева да ги воодушеви сите кога ќе се појави во костим за капење.

А, верувале или не, госпоѓата има „само“ 74 години! Неда ниту е здебелена, ниту ѝ виси нешто, ниту е користен фотошоп. Вистинска дива! Баба тинејџерка, како што нагалено ја нарекуваат обожавателите, но и нејзините возрасни внуци. Неда не се дава, а и воопшто не се лути. Таа ужива во животот, особено кога е лето и кога е на море, во својот домашен рај во Лепетане, во Бокакоторскиот Залив.                              (Д. М.) фото: архива

The post Неда Украден во костим за капење на своите пристојни 74 години: Бабата тинејџерка сите ги воодушевува appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа