Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски вчера се сретна со бизнисмените во Стопанската комора на Македонија и побара поддршка од нив на претстојните локални избори, ветувајќи им дека ќе имаат вистински партнер во него и оти ќе бидат едни од главните двигатели во развојот на главниот град.
– Мој приоритет е да создадеме силно и економски стабилно Скопје кое ќе граби напред, град во кој ќе се утврдат потенцијалите не за две, три или пет, туку за многу повеќе години – рече Ѓорѓиевски.
Тие пак, побараа да се одвојат посебни локации за развој на бизнисот во Скопје и да се направи железница покрај кејот на Врадар која ќе ја растовари комуникацијата во центарот и ќе го олесни протокот на луѓе, услуги и стоки. Во однос на натамошниот развој на Скопје, напомена дека треба да се воочат оптималните можности.
– Ако вака продолжи ширењето на градот, ќе ја донесеме цела Македонија тука, особено во делот на бизнисот. Треба да се искористат природните предности – со најмали средства во најкраток период да се добијат најдобри резултати. Едно такво решение е покрај кејот на Врадар да се направи железница со која ќе се растовари центарот на Скопје, ќе се забрза протокот на луѓе, услуги и стоки. Ќе добиеме чисто место, државно, без имотно-правни проблеми и не многу скапо решение, современо, кое може да се надградува – истакна претседателот на Комората, Бранко Азески.
Тој се осврна и на подоброто функционирање на зоните, особено на оние во Скопје кои никнаа без посебна подготовка. Азески во овој контекст го посочи Визбегово каде, нагласи дека има огромна концентрација на фирми и капитал, но и многу нерешени основни прашања. Тоа, рече, треба да се заштити и да се стави во програмата на новиот градоначаник – да се одвојат посебни локации за развој на бизнисот.
– Се е пари, му порачуваме на новиот градоначалник да ги искористи максимално. Свесни сме дека Буџетот на Скопје е помал од буџетите на сите главни градови и затоа сметаме дека треба да се зголемува само за продуктивни инвестиции. Порачуваме и дека во тоа треба да помогне државата. Скопје е расадник на кадри и тука се наоѓаат најголемите потнцијали за развој на државата. Кадрите треба да произлезеат од образовниот систем, а во Скопје се најзначајните школи уницетзритетит и институции кои прозведуваат кадар – укажа Азески.
The post Посебни локации за развој на бизнисот и железница на Кејот appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.