Зголемените царини на увозот во САД веќе имаат негативно влијание врз економиите на САД и на Германија, соопшти германскиот економски институт „Ифо“ (ifo).
Според извештајот објавен денеска, речиси 30 отсто од германските компании што планирале инвестиции во САД – ги одложиле, додека 15 проценти целосно ги откажале.
И домашните инвестиции во Германија се погодени – 21 отсто од фирмите ги одложиле планираните вложувања, а 8 проценти ги откажале.
– Секоја трета индустриска компанија очекува пренасочување на трговските релации од САД, а само 17 отсто очекуваат зголемување – наведува „Ифо“.
Повеќе од 60 отсто од анкетираните компании пријавиле негативни последици од американските царини воведени во јануари.
Институтот „Ифо“ секој месец анкетира илјадници компании за да изготви економски прогнози.
The post Германските компании веќе чувствуваат последици од американските царини appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.