Триесет и четиригодишна прилепчка е исчезната, а семејството преку социјалните мрежи и полицијата бара помош за нејзино пронаоѓање. Како што информираат од СВР Битола, на 23 јули 2025 година, во 23:02 часот, нејзината сестра С.Ј.М. пријавила дека Б.Ј.А. со возило се оддалечила од домот и оттогаш ѝ се губи секаква трага.
„Луѓе мои помагајте Ве премолувам. Мојата сестра Биљана е исчезната веќе повеќе од 24 часа. Последен пат е видена во село Крушеани од каде заминала со својот автомобил „Audi A4“ со рег.таблици PP 7822AG темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен. Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира мене или некој од моето семејство. Ве премолувам помагајте мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива“, се наведува во апелот од сестрата на исчезнатата.
Од полицијата потврдуваат дека случајот е пријавен и кај нив.
-На 23.07.2025 во 23.02 часот во СВР Битола, С.Ј.М. од Прилеп пријавила дека од дома со возило се оддалечила нејзината сестра Б.Ј.А.(34), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.
The post 📷Апел за пронаоѓање на млада прилепчанка мајка на две деца: Семејството моли за помош appeared first on Локално.