Почеток КУЛТУРАБогата забавна програма во Домот на културата

Богата забавна програма во Домот на културата

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Општина Илинден утре ќе го одбележи својот патронен, но и национален празник „2 Август“ – Илинден.

По тој повод, со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, ќе се одржи забавна програма во рамките на која  ќе настапат: пејачот, Наум Петрески, АНПИ „Илинден“, КУД „Гоце Маркоски“, како и музичкиот хор на Здружението на пензионери „Илинден“.

Во рамки на одбележувањето, денеска во галеријата на Домот на Културата „Илинден“, во периодот од 09:00 до 14:00 часот се реализираше и крводарителска акција, а во амфитеатарот при СОСУ „Илинден“ со почеток во 21:00 часот, ќе може да се проследи и стенд ап комедија со Бојан Велевски.

The post Богата забавна програма во Домот на културата appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа