Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се разведоа по девет години брак, потврди адвокатот на славниот тенисер во официјално соопштение.
Ивановиќ и Швајнштајгер беа еден од најпрепознатливите спортски парови благодарение на нивните успеси во тенисот и фудбалот, а се венчаа со големо медиумско внимание во Венеција во 2016 година.
Двојката се запознала во 2014 година, додека поранешниот германски репрезентативец сè уште играл за Баерн Минхен.
По месеци шпекулации за состојбата на нивната врска, претставникот на Ана, Кристијан Шерц, објави дека двојката се разведува поради „непомирливи разлики“.
Имотната состојба на Бастијан Швајнштајгер се проценува на приближно 90 милиони евра, откако се пресели од Баерн во Манчестер Јунајтед, тој заработи повеќе од 50 милиони евра за само три сезони, додека Ана Ивановиќ има нето вредност од околу 20 милиони евра.
Ивановиќ има и долгорочни договори и спонзорства вредни над 88 милиони евра, според бизнис порталот „Блејз Трендс“.
Сепак, одлуката на Ана и Бастијан, уште на почетокот од нивниот заеднички живот, беше да ги регулираат финансиските и правните аспекти на нивниот брак преку предбрачен договор.
Договорот, кој содржи 64 страници, го подготвил адвокатскиот тим на германскиот фудбалер и го проследил до адвокатска канцеларија во Белград која со години ја застапува поранешната тениска шампионка.
Според достапните информации, Ана и нејзината мајка Драгана без двоумење се согласиле со предложените услови.
Интересно е што дури и за време на нивниот брак, Ана Ивановиќ и Бастијан ја одржуваа финансиската независност – со посебни банкарски сметки и јасно поделени приходи.
Патем, порталот „Givemesport“ неодамна објави листа на најбогатите спортски парови во светот, а на високото седмо место се најдоа Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, со неверојатен имот од 107.000.000 евра.
Доколку разводот се случил според условите на предбрачниот договор, загубата за Швајнштајгер е минимална – речиси никаков значаен износ од неговиот имот нема да биде поделен, освен она што е купено заеднички.
Доколку предбрачниот договор стане неважечки од која било причина, тој би потпаднал под законите на државата – во некои случаи тоа би можело да значи до 50% од заедничкиот имот, иако огромното мнозинство од неговиот имот сè уште доаѓа од неговата независна кариера.
Нивниот заеднички живот беше заокружен со раѓањето на три сина, што бараше одредени измени во предбрачниот договор. Посебни анекси предвидуваат прилагодување на финансиските услови во случај на промени во семејната состојба, што дополнително ги обезбедува интересите на сите три деца.
Интересно е што договорот ги исклучува подароците – сè што е дадено еден на друг за време на бракот останува траен имот на лицето на кое му е наменет подарокот, без оглед на разводот.
The post Разводот менува сé! Откриени детали од предбрачниот договор на Ана и Бастијан appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.