Почеток КУЛТУРАУкраина ќе донесе војна во ЕУ, смета Сијарто

Украина ќе донесе војна во ЕУ, смета Сијарто

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за американската Си-Ен-Ен изјави дека евентуалното членство на Украина во Европската Унија не само што ќе ја ослабне самата Унија, туку ќе внесе и длабоки поделби и конфликти во рамките на европскиот блок, објавува унгарскиот весник ВГ.

„Пристапувањето на Украина нема да ја зајакне Европската Унија – тоа би значело само увоз на вооружен конфликт во нашите граници“, предупреди Сијарто. Тој нагласи дека од овие причини, Унгарија решително се спротивставува на пристапувањето на Киев во ЕУ, оценувајќи дека овој процес не придонесува за европската стабилност, туку напротив – ги продлабочува поделбите и конфронтацијата.

Шефот на унгарската дипломатија особено го критикуваше предлогот на Европската комисија за доделување на над 300 милијарди евра финансиска помош за Украина во следните седум години. „Ова е и неправедно и неприфатливо за нас. Не сакаме парите на унгарските даночни обврзници да одат во Украина“, порача Сијарто.

The post Украина ќе донесе војна во ЕУ, смета Сијарто appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа