Почеток МАКЕДОНИЈАСДСМ: ДПМНЕ има толку многу бугарски државјанства во раководството што може дури и да формира влада во Бугарија

СДСМ: ДПМНЕ има толку многу бугарски државјанства во раководството што може дури и да формира влада во Бугарија

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Му препорачуваме да се скрие во дупка или да си отиде во резервната држава, наместо да држи прес-конференции за тоа кој бил патриот, а кој предавник. Освен лицемерие, поделби и лажен патриотизам, ДПМНЕ нема направено ништо повеќе од една година за граѓаните и за државата. Нивното владеење е една голема нула. Затоа Лефков и Мицкоски немаат што друго да зборуваат, освен секојдневно како папагали да ги повторуваат истите прес-конференции.

Реалноста е дека ДПМНЕ има толку многу бугарски државјани во своето раководство што може, ако сака, да формира влада во Бугарија. Им порачуваме да престанат, затоа што се прочитани како буквар од граѓаните и само дополнително се заглавуваат во приказната за патриоти и предавници. Наутро ги уживаат бенефитите како граѓани на ЕУ, а попладне прават сè државата да не влезе во ЕУ. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, лаги, лицемерие и лични интереси.

Можно е и ова да ти се допаѓа