Почеток МАКЕДОНИЈАПотрага по 16 годишно девојче, исчезна во водите на Вардар

Потрага по 16 годишно девојче, исчезна во водите на Вардар

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско“.

Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот сестра на 16-годишното девојче која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода. По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги извести надлежните институции СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода“ информираа од ЦУК.

Од таму велат дека според последните информации од терен, на локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива.

Потрагата по 16-годишното девојче продолжува“.

Текстот Потрага по 16 годишно девојче, исчезна во водите на Вардар е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа