Почеток БАЛКАНФестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

Фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Пустец утре ќе се одржи фолклорен фестивал „MEET Преспа” со учество на  фолклорни групи од Албанија и Македонија, објави Општина Пустец.

-Сите се поканети и добредојдени на овој значаен  прекуграничен  фестивал – настан што ја обединува традицијата, музиката и народните ора на различните краишта од Преспа, Албанија и Македонија, стои во објавата.

Во празнична атмосфера, се додава, ќе се  промовира културното наследство и прекуграничната соработка.

Настанот го организира Општина Пустец во соработка со општините Девол, Колоња, Поградец и Ресен, организацијата „Гео-екологија“ а  со поддршка на Министерството за економија, култура и иновации на Албанија.

Според општина Пустец, фестивалот, кој почнува во 18 часот, на плоштадот “Гоце Делчев”,  е дел од иницијативите за развој на културниот туризам и истакнување на природните и етнографските богатства на Преспанскиот регион. (МИА)

Можно е и ова да ти се допаѓа