Фудбалерот на Њукасл, Александар Исак, го информирал клубот дека сака да си замине ова лето.
Според новинарот на „Дејли мејл“, Крег Хоуп, управата на Њукасл е запознаена со плановите на играчот и сега ќе одлучи што да прави.
Се забележува дека Исак е главна цел на Ливерпул, и покрај купувањето на напаѓачот на Ајнтрахт, Југо Екитике.
Претходно, беше објавено и дека Ал-Хилал бил заинтересиран за Исак, но страните во моментов не преговараат.
Денес стана познато дека 25-годишниот Швеѓанец не е вклучен во составот на Њукасл за натпреварите од азиската турнеја.
Во сезоната 2024/25, Исак постигна 27 гола и имаше шест асистенции во 42 натпревари. Неговиот договор со Њукасл е со важност до летото 2028 година.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 120 милиони евра. (МИА)