3
Пожар вчера зафатил продавница на „Пластичарската“ улица во Скопје, при што изгорела и фасадата на соседната куќа.
„На 23.07.2025 околу 18:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје настанал пожар во продажен објект, сопственост на А.Л. (30) од с.Визбегово, скопско.
Од пожарот е зафатена и фасада на соседната куќа, сопственост на Ф.Ш.(44) од Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема“, информираат од МВР.
Извршен е увид од екипа на СВР Скопје.
The post Изгорела продавница на „Пластичарска“ во Скопје appeared first on Локално.