Почеток ДОМ: Пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа

ДОМ: Пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Демократска обнова на Македонија изразува револт и разочарување од одлуката на Собранието на Македонија да не ја изгласа предлог-резолуцијата за овозможување непречен влез на храна и медицински средства за цивилите во Појасот Газа.

Ова молчење на македонските пратеници, според ДОМ е потполно недостојно за земја која ја носи традицијата на хуманизам и солидарност од нашите предци.

„Во македонскиот парламент само 16 пратеници ја поддржаа хуманитарната иницијатива, додека сите останати пратеници од владејачкото мнозинство и дел од опозицијата гласаа воздржано или против. Ова не е време да анализираме дали резолуцијата е предложена од опозицијата или од владејачките партии, време е да делуваме со мерки што ќе им помогнат на луѓето во нужда во Појасот Газа“.

ДОМ ја повикува Владата итно да ги активира сите достапни механизми, вклучително и редуцирање на дипломатските односи за да се зголеми меѓународниот притисок врз Израел и да се обезбеди хуманитарна помош за жртвите во Газа.

Според нив, секоја минута молк значи уште изгубени животи на деца, родители, цели семејства кои умираат од глад и болест.

„Зелената партија ДОМ ја нагласува неопходноста од целосна вклученост на сите политички актери во овој процес. Секоја партија и секој пратеник што ќе продолжи да одбива поддршка за хуманитарна резолуција се става на страната на оние што го кршат меѓународното право и човечките права“.

ДОМ, КАКО ШТО НАГЛАСУВААТ ОД ТАМУ, нема да престане да реагира и ќе ги интензивира контактите со меѓународните организации и партнерските зелени партии за да го подигне гласот на македонската демократија и човечност. Ова, како штооценуваат е прашање што ја надминува партиската политика. „Станува збор за живот и смрт и секоја седница на Собранието и Владата, секој политички пресек е морален тест за нашето општество“.

Текстот ДОМ: Пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа е превземен од МАКФАКС.