Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИВРЕМЕ: Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи, наместа ќе дува силен западен ветер од над 70 км/ч

ВРЕМЕ: Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи, наместа ќе дува силен западен ветер од над 70 км/ч

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе биде нестабилно, краткотрајно во форма на невреме со засилен до силен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во сабота во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува северен ветер кој ќе продолжи и во недела и ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура.

Можно е и ова да ти се допаѓа