Општина Ѓорче Петров започна со градежни активности во селото Никиштани, каде што ќе се изградат нови асфалтни површини на две улици со вкупна големина од 1.500 квадратни метри.
Градоначалникот Александар Стојкоски денеска беше во посета на месното население и најави дека за прв пат општината интервенира на дел од главната улица што ја поврзува џамијата со центарот на селото, а која ќе обезбеди и подобра поврзаност со локалните патишта.
„Најголемиот инвестиционен проект за Никиштани е реконструкцијата на главниот пат што го поврзува селото Орман со Никиштани. Тој ќе добие целосно нов лик, ќе биде проширен, ќе се изгради пешачка патека и ќе се постави ново улично осветлување,“ изјави Стојкоски.
Со оваа инвестиција, како што нагласуваат од Општината, се потврдува заложбата за рамномерен развој и вложување во сите населени места на Ѓорче Петров.
#ЃорчеПетров нема заборавени места!
1️⃣5️⃣0️⃣0️⃣ м2 нови асфалтни површини во Никиштани!
🤝 Денеска бевме на пријатна…
Posted by Александар Стојкоски on Friday, August 22, 2025