Почеток СкопјеСо голема посетеност започна Кино на отворено во Кисела Вода

Со голема посетеност започна Кино на отворено во Кисела Вода

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Синоќа во паркот „Македонија“ кај Домот на култура „Билјана Беличанец“ започна киното на отворено кое Општина Кисела Вода го организира во соработка со „Киноверзум“, „Кинотека на Македонија“ и Францускиот институт. Настанот привлече голем број граѓани.

На првата вечер беше прикажан детскиот филм „Бунтовната принцеза“, синхронизиран на македонски јазик, а потоа и „Марија“, посветен на оперската уметница Марија Калас.

Програмата продолжува вечерва со франкофонска содржина. Во 20:00 часот ќе биде прикажан анимираниот филм „Каламити“, а во 21:30 часот играниот филм „Повторно родена“.

Киното на отворено ќе трае до 24 август, со проекции на филмови за различни возрасти и вкусови.

Програмата за останатите денови се наоѓа во продолжение:

23.08.2025( сабота)

Македонска вечер

20.00- Блок краткометражни играни филмови за големи и мали деца

,,Ракетно моделарство”

,Баскет”

20.45-Македонски филм,,ДО БАЛЧАК”

24.08.2025( недела)

20.00- Анимиран филм за јунаците од светот на Биби,,Златната пеперутка”

21.30- Македонски документарен филм,,Медена земја”

Ве очекуваме!

Можно е и ова да ти се допаѓа