Почеток СПОРТРакометЧервар: Овој турнир ќе биде уште посилен во иднина

Червар: Овој турнир ќе биде уште посилен во иднина

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ракометниот крем во нашата земја и во регионот деновиве се наоѓа во Охрид, каде што во следните пет дена ќе се одржи четвртото издание на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“.

Организаторот се погрижи да доведе квалитетни екипи, кои ќе одиграат шеснаесет контролни натпревари во претсезоната.

Турнирот на официјална прес-конференција го најави промотерот Лино Червар.

„Чест ми е што пак сум во мојата втора татковина и што сум опкружен со млади луѓе. Тоа е порака дека ракометот оди понатаму. Овде во Охрид сум веќе два дена и убаво се чувствувам. Македонија многу напредува, креира моќна лига и сега се појави и четврти клуб кој ќе се бори за титулата, Тука на Балканот не се заборава да се игра ракометот, иако новите правила им одговараат на Скандинавците. Но, ние од просторите на бивша Југославија брзо ќе ги стигнеме.

Тука во Охрид гледам голем ентузијазам. Од градоначалникот, кој е поранешен ракометар, се шири позитивната атмосфера и тоа многу ме радува. Задоволен сум што турнирот е многу силен годинава, а ќе биде уште поквалитетен. Охрид е „мамец“ и испраќа голема порака. Само спортот може да ги обедини сите овие луѓе, овие клубови, овие ракомметари. Само продолжете така и не се сомневам дека турнирот ќе биде одличен и ќе биде покана за следните изданија

Можно е и ова да ти се допаѓа