Почеток СПОРТЃоковиќ: Србија е на работ на граѓанска војна, луѓето најмалку се заинтересирани за спорт

Ѓоковиќ: Србија е на работ на граѓанска војна, луѓето најмалку се заинтересирани за спорт

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ова лето, Србија остана без АТП турнирот во Белград, кој тениската асоцијација одлучи да го премести во Атина поради неможноста да се обезбедат услови за негово играње во српската престолнина.

Секако, сè беше под влијание на големите протести во Белград и остатокот од Србија, а Новак Ѓоковиќ, кој е во Америка пред Отвореното првенство на САД, отворено зборуваше за сè.

„Се што можам да кажам е дека не сакавме да го преместиме турнирот, тоа е се што можам да кажам. За жал, така е…“ рече Ѓоковиќ, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, кој е и еден од најзаслужните што Белград ја доби организацијата на овој турнир.

Како што додаде, тој е среќен што оди во Атина, каде што секогаш е пречекан на најдобар можен начин.

„Со нетрпение очекуваме да дојдеме во Атина, каде што навистина нè пречекаа многу пријателски. Тие се многу среќни што ќе имаат можност да имаат турнир за прв пат по 90 години. Тоа е голема работа за Грција, која е поголема земја од Србија, но сме слични во контекст на менталитетот. Тие ја сакаат кошарката, го сакаат спортот, во тенисот сега ги имаат Циципас и Сакари, кои се на врвно ниво со години, а тенисот станува сè попопуларен. Со нетрпение очекуваме бидејќи турнирот ќе се одржи во арената ОАКА, која е голема и прекрасна. Постојано ја следам кошарката, се надевам дека посетеноста ќе биде голема“, додаде Ѓоковиќ, зборувајќи за американските медиуми.

Потоа се осврна на ситуацијата во неговата земја, Србија, и рече дека неговата земја е на работ на граѓанска војна.

„Ситуацијата во земјата е генерално таква што луѓето дури и не се грижат за спортот… Многу работи се случуваат, има голема транзиција воопшто и за луѓето и за земјата… Без да се мешам во политиката, бидејќи веќе доволно зборував за тоа, се надевам дека страстите малку ќе се смират. Сè ескалираше многу, буквално сме на работ на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата малку ќе се смири, но нема индикации за тоа“, истакна Ѓоковиќ.

Тој одговори и на прашањето дали турнирот некогаш ќе се врати во Белград.

„Дали турнирот ќе се врати во Србија? Се надевам дека ќе се врати. Од наша страна, секогаш постои таа желба и тенденција. Мојот брат Ѓорѓе, кој го води турнирот, едноставно беше ставен во ситуација каде што турнирот мора да се премести. Се надевам дека ќе дојде некое подобро време во наредните години, така што турнирот ќе се врати, можеби дури и во повисока категорија, никогаш не се знае. Белградската јавност го сака и го следи тенисот, Србија стана земја на тенисот во последните дваесет години, со сите наши успеси“, заклучи Ѓоковиќ.

Турнирот во Белград се игра на почетокот на ноември, а се очекува Ѓоковиќ да игра на Отвореното првенство на САД, последниот Гренд слем турнир во сезоната, од понеделник.

The post Ѓоковиќ: Србија е на работ на граѓанска војна, луѓето најмалку се заинтересирани за спорт appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа