Еден од најдобрите голмани во светот, Џанлуиџи Донарума, ова лето шокантно беше „прецртан“ во Пари Сен Жермен, со кого ја освои европската титула и Лигата на шампионите пред три месеци.
Во последните недели се шпекулираше дека челниците на ПСЖ сакале Донарума да прифати намалување на платата, на што тој секако не се согласил, по што беше отстранет од тимот, а Лукас Шевалие е донесен од Лил како негова замена.
Сега е дефинитивно јасно дека Италијанецот ќе го напушти „Паркот на принцовите“, бидејќи се збогуваше со навивачите на ПСЖ по синоќешниот натпревар против Анже во 2. коло од Лига 1.
Донарума стоеше сам пред сите свои соиграчи, а навивачите го поздравија со овации, а тоа беа навистина емотивни сцени.
Во меѓувреме, преговорите се во тек околу неговиот трансфер, за кој ПСЖ ќе бара околу 50 милиони евра, што не е претерана сума со оглед на тоа што Италијанецот има само 26 години и со години е еден од најдобрите голмани во светот.
Главен фаворит за потпис на Донарума во моментов е Манчестер Сити, а се чини дека Италијанецот ќе стане „граѓанин“, но тоа ќе се случи само ако од „Етихад“ успеат да го продадат Едерсон.
Донарума е поврзуван и со Арсенал, Челси и Манчестер Јунајтед.
Донарума е член на ПСЖ во последните четири години, откако пристигна од Милано како слободен агент во 2021 година. Оттогаш, тој одигра 161 натпревар за „светците“, четири пати го освои француското првенство и двапати Купот на Франција. Крунското достигнување беше титулата во Лигата на шампионите ова лето.
Донарума има само 26 години и веќе има 74 настапи за италијанската репрезентација, на која е и капитен.
The post Донарума се збогува со навивачите по шокантната одлука на ПСЖ, познато каде ќе оди appeared first on Локално.