Земјите-членки на НАТО испорачале оружје во вредност од 50 милијарди долари на Украина во 2024 година и се очекува понатамошен раст на воените испораки, изјави претседателот на воениот комитет на НАТО, Џузепе Каво Драгоне.
Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, тој нагласи дека земјите-членки на НАТО обезбедиле 99% од вкупната воена помош за Украина.
Драгоне додаде дека од почетокот на 2025 година веќе се достигнати 33 милијарди долари воени испораки и дека се очекува оваа бројка да се изедначи со минатогодишните нивоа до крајот на годината.
The post НАТО членките испорачале оружје во вредност од 50 милијарди долари на Украина во 2024 година appeared first on Локално.