На средбата со новинарите освен селекторот Илиевски се обрати и кошаркарот Виктор Ташовски.
„Конечно стигнавме до првата победа, иако можеби требаше тоа да се случи порано. Сепак, од некаде мора да се почне, а тоа е денешната средба. Ова можеиб резултатски не значеше за табелата, но нам како подмладена репрезентација значи многу. Време беше за да се промени репрезентацијата да се подмлади, а дај Боже да стигнеме до пласман на едно големо натпреварување“, изјави Ташовски.
Македонската репрезентација ја совлада Унгарија со 82:75 и со една победа и три порази не успеа да се пласира во квалификациската фаза за Светското првенство 2027.