Последен натпреварувачки ден на четвртото издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“.
По четирите дена во кои осумте екипи учесници играа во групната фаза, денеска на програмата се натпреварите за пласман.
Најважниот секако е финалниот, последниот, во кој за трофејот ќе се борат домаќинот Охрид и макеоднскиот првак Еурофарм Пелистер. Двата тима завршија како прво рангирани во своите групи, па ќе имаат можност да играат во финалето.
Денешната програма стартува во 11 часот со дуелот за 7.место меѓу српскиот Динамо Панчево и шампионот на Фарски Острови, Киндил. По него следува натпреварот српскиот Партизан и словенечкиот Тримо Требње.
Во попладневниот термин и дуелот за 3.3мето ќе играат вице-прваците на Македонија, Вардар и Хрватска, Нексе. А, за крај разбирливо останува финалето меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер.
РАКОМЕТЕН ТУРНИР – ОХРИД 2025
Сабота 23 август
11.00 за 7 место КИНДИЛ – ДИНАМО ПАНЧЕВО
13,00 за 5 место ПАРТИЗАН – ТРИМО ТРЕБЊЕ
17.45 за 3 место НЕКСЕ – ВАРДАР
20.00 ФИНАЛЕ ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
The post Охрид и Е.Пелистер во финале на турнирот „Крсте Андоновски“ appeared first on Sport Plus Macedonia.