Почеток СПОРТВИДЕО: Дефанзивецот на Фулам го привлече целото внимание на публиката со неговиот шорц

ВИДЕО: Дефанзивецот на Фулам го привлече целото внимание на публиката со неговиот шорц

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Играчите на Фулам успеаја да освојат бод против Брајтон, а неколку дена по натпреварот повеќе се зборува за дефанзивецот на лондонскиот тим Калвин Баси отколку за стрелецот на голот за 1:1, Родриго Муниз.

Имено, Баси го одигра целиот натпревар и беше еден од позначајните играчи во редовите на Фулам, и покрај тоа што играше во шорцеви кои постојано му паѓаа од колковите.

Поточно, во поголемиот дел од натпреварот неговите шорцеви беа спуштени така што неговите боксерки се гледаа, но тоа не го спречи да трча, скока и да ги прави сите работи што ги прават играчите со опрема која е „на место“.

25-годишниот Нигериец победи во четири од девет дуели на земја и во два од три воздушни дуели, а направи само еден фаул во натпреварот и со право стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи.

Текстот ВИДЕО: Дефанзивецот на Фулам го привлече целото внимание на публиката со неговиот шорц е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа