Почеток СПОРТДенеска два дуели од 3.коло на ПМФЛ во Струга и Скопје

Денеска два дуели од 3.коло на ПМФЛ во Струга и Скопје

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

И третата прволигашка рунда ќе се игра во четири дена.

Двојната денешна програма започнува со дуелот во Струга каде Трим Лум го пречекува Работнички кој сеуште се нема израдувано на победа. Стружани пак ќе атакуваат на третиот триумф, како и Вардар кој во вечерниот термин ќе игра со струмичка АП Брера која претрпе два порази.

Првиот натпревар е во терминот од 17, а вториот од 20 часот, а двата ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.

За утре и в недела закажани се по еден натпревар во Кратово и Тетово каде ќе гостуваат Македонија ЃП и Аресими.

Колото ќе биде заокружени во понеделник со дуелите во Кавадарци и Куманово. Пелистер ќе го пречека Шкупи, додека Башкими ќе биде домаќин на Тиквеш.

ПМФЛ 3. КОЛО

Петок 22.08
СТРУГА Т.Л. – РАБОТНИЧКИ 17 часот
ВАРДАР – АП БРЕРА СТРУМИЦА 20 часот
Сабота 23.08.
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 17 часот
Недела 24.08.
ШКЕНДИЈА – АРЕСИМИ 17 часот
Понеделник 25.08.
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 17 часот
БАШКИМИ – ТИКВЕШ 17 часот

The post Денеска два дуели од 3.коло на ПМФЛ во Струга и Скопје appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа