Почеток СВЕТПутин: Разгледуваме соработка со САД во областа на енергетиката

Путин: Разгледуваме соработка со САД во областа на енергетиката

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија разгледува соработка со САД во областа на енергетиката во Арктикот и Алјаска.

„Никој нема технологии што ги има Русија за работа на Арктикот, а нејзините партнери, вклучувајќи ги и САД, се заинтересирани за ова“, рече Путин.

Тој додаде дека за Русија, нејзиниот суверенитет е најважен и дека неговото губење би значело крај на постоењето на Русија.

„Постојат земји кои функционираат мирно без суверенитет. Цела Западна Европа е практично лишена од суверенитет. Постојат многу други земји за кои ова е нормално. Русија не е. Со губењето на суверенитетот, Русија би престанала да постои во сегашната форма“, нагласи Путин.

Текстот Путин: Разгледуваме соработка со САД во областа на енергетиката е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа