Почеток Бронзен медал и пофалница за Македонија на Меѓународната олимпијада по биологија

Бронзен медал и пофалница за Македонија на Меѓународната олимпијада по биологија

umno.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Бронзен медал и пофалница освои македонскиот тим на 36. Меѓународна олимпијада по биологија што се одржа во Кезон Сити, на Филипините. Медалот го освои Теона Ана Георгиевска од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Скопје, а пофалница Георги Николоски од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп. На натпреварот успешно се претставија и Емилиа Аврамоска од средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и Ања Спасевска од „Јахја Кемал“.

Нашите средношколци се натпреваруваа во конкуренција со 78 држави од цел свет. Учеството на македонскиот тим го организираше Македонското биолошко друштво. Ментори на учениците беа Славица Јосифовска и Лозенка Иванова.

The post Бронзен медал и пофалница за Македонија на Меѓународната олимпијада по биологија first appeared on УМНО.МК.