Два бронзени медала освои македонскиот тим Меѓународната олимпијада по економија што се одржа во Баку, Азербејџан. Бронзени медали освоија Христијан Захарчев и Миша Веселински. Во тимот беа и Сара Тошевска и Теа Ангелова кои успешно ја претставија Македонија на престижниот натпревар.
Водичи на тимот беа проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска и Стево Ѓоргиев, докторанд на Институтот по математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Тие членуваат во Сојузот на математичарите на Македонија, научно здружение што ги организира учествата на македонските тимови на меѓународните олимпијади.
The post Две бронзи за Македонија на Меѓународната олимпијада по економија во Азербејџан first appeared on УМНО.МК.