Broadcasted on February 5, 2026 (Thursday) on MRT1 at 20.15.
Во денешното издание на емисијата донесуваме:
– новата членка на Судскиот совет, Сузана Јошевска-Анастасовска, предложи јавно интервју при утврдувањето кандидат за уставен судија: „Kога процесот е затворен, дури и најдобриот избор може лесно да биде протолкуван како договор позади сцена“, вели таа; дознајте како реагираа другите членови на Советот;
– зошто по првите наоди соопштени во ноември стагнира постапката за расчистување на случајот со медицински неоправданите операции на срце – на прашањата на „360 степени“ одговара министерот за здравство Азир Алиу;
– второстепената комисија поништи два од четирите дела од големиот тендер на МВР за униформи за редовната полиција – објавуваме зошто и што понатаму;
– сторија за првите обиди за вклучување на вештачката интелигенција во образовниот процес кај нас;
– „Саботажа“.
Прегледи: 1
