Почеток ПОДКАСТ360 Степени/Саботажа360 degrees season 12, show 46 – Кочани една година потоа: 63 причини да не се заборави

360 degrees season 12, show 46 – Кочани една година потоа: 63 причини да не се заборави

360 Степени
0 коментари
A+A-
Ресетирај



Broadcasted on March 16, 2026 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 го реализираме од местото кое пред точно една година ги зави Кочани, но и цела Македонија, во тишина и тага. Во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ згаснаа 63 млади животи – приказни, планови и соништа што никогаш нема да се остварат. Една година подоцна, кога болката е сè уште жива, се сеќаваме на нив, а разговараме и за одговорноста, повредените и обидите да се врати надежта во Кочани. Наши соговорници се:

– Александар Наунов, татко на починатата Надица и претседател на Здружението „16 Март“;

– Васко Маглешов, новинар на БИРН, со експертиза во областа на правосудството;

– Владко Грозданов, градоначалник на Кочани и татко на девојка повредена во пожарот;

– Катарина Мирчовска, директорка на Општата болница Кочани.

Прегледи: 1

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар