Почеток ПОДКАСТ360 Степени/Саботажа360° season 12, show 64 – Дали инсистирајќи на уставни измени, СДСМ игра на теренот на ВМРО-ДПМНЕ

360° season 12, show 64 – Дали инсистирајќи на уставни измени, СДСМ игра на теренот на ВМРО-ДПМНЕ

360 Степени
0 коментари
A+A-
Ресетирај



Broadcasted on May 18, 2026 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Зошто СДСМ инсистира на темата за уставни измени за внесување на Бугарите и дали е тоа игра на теренот на ВМРО-ДПМНЕ, е една од темите на кои разговараме со лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Филипче го прашуваме и како одговара на обвинувањата од власта за бугарофилство и за тоа дека е играч на Румен Радев. Колку беше паметна одлуката да се напушти работната група за Изборниот законик, можно ли е да го блокираат неговото донесување со филибастеринг, што по укинувањето на т.н. пржинска влада, кога ќе има избори, зошто ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има повисок рејтинг од СДСМ – се меѓу темите во интервјуто. Филипче го прашуваме и за внатрешните состојби во партијата, зошто не ја истераа(т) до крај процедурата за исклучување на Јово Деспотовски и Петре Шилегов, какво е влијанието на Зоран Заев… Неизбежно е и прашањето за случајот со увозот на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино.

Прегледи: 0

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар