Broadcasted on May 25, 2026 (Monday) on MRT1 at 20.15.
„Ќе бидете шокирани и Вие и целокупната македонска јавност кога ќе дојде време да бидете шокирани. Ама позитивно. И тврдам дека ќе дојде тој ден“, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако ОЈО ГОКК неодамна соопшти дека е донесена одлука за затворање на истрагата за набавката на мазут за потребите на ТЕЦ „Неготино“ поради недостиг на докази. Тошковски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, одговара на прашања и за „шпионската афера“ во кабинетот на претседателката на државата и за наводите од ОЈО ГОКК дека од МВР нема одговор на наредбата за постапување во случајот со надзорот над изградбата на автопатиштата од „Бехтел и Енка“. Разговараме и за (не)реализирањето на рамковните спогодби со женското модно студио од Битола и штотуку формираната фирма со газди од Србија за набавка на униформи за специјалната полиција. Перипетиите при доделувањето лиценца за испитен центар за возачки во Велес и најавата на Тошковски за воведување дигитална алатка за поефикасно справување со семејното насилство се исто така теми во интервјуто.
Прегледи: 1
