Broadcasted on June 25, 2026 (Thursday) on MRT1 at 22.50.
Во ова издание на емисијата донесуваме:
– шест операциони сали на хируршките клиники, промовирани пред три месеци како комплетно реновирани, сè уште не функционираат – зошто; слично е и со реконструкцијата на КАРИЛ;
– во екот на тезите дека македонскиот идентитет е загрозен, Законот за македонскиот јазик никако да профункционира;
– влеговме во строго обезбедуваниот украински Центар за справување со дезинформации – репортажа од Киев;
– по извештајот на Судскиот совет дека во битолскиот Основен суд се местел советот што го пушти бизнисменот Борче Марковски од притвор – има ли постапка за судиите;
– „Саботажа“.
Прегледи: 1
