Broadcasted on June 29, 2026 (Monday) on MRT1 at 20.15.
Премиерот Христијан Мицкоски неодамна рече дека Владата работи за да се обезбеди просечна цена на струјата за домаќинствата што ќе биде од 5 до 10 отсто пониска од сегашната. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, пак, изјави дека идејата е да се направи ревизија на блок-тарифите воведени за време на енергетската криза во 2022 година, за граѓаните да плаќаат пониски сметки за електрична енергија. Тој спомна опција за зголемување на дневниот интервал на евтина струја кој сега изнесува два часа, како и важење на евтината тарифа и во сабота, а не само во недела, како што е сега за време на викендите. Ова е еден од поводите во „360 степени“ да го поканиме првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад – Ацо Ристов. Го прашуваме и што преовлада за негов избор на функцијата – професионалната биографија или партискиот бекграунд, дали ќе поскапи парното, колку е реално државата да ја гради хидроцентралата „Чебрен“, може ли граѓаните да имаат доверба за да вложат во „Чебрен“, како ја објаснува посетата на Кина од аспект на стратешкото позиционирање на државата?
Прегледи: 0
