Почеток ПОДКАСТ360 Степени/Саботажа360° season 12, show 78 Зошто оди од институција со 910 мил. евра буџет во министерство со 130 мил.

360° season 12, show 78 Зошто оди од институција со 910 мил. евра буџет во министерство со 130 мил.

360 Степени
0 коментари
A+A-
Ресетирај



Broadcasted on July 6, 2026 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 гостува Сашо Клековски, кандидат за министер за здравство и досегашен директор на Фондот за здравствено осигурување, кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Клековски е доктор по медицина (дипломирал на Медицинскиот факултет при УКИМ), но воопшто не работел како доктор, туку по студиите се вработил во невладиниот Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) каде остана две децении. Во интервјуто го прашуваме – зошто се нафаќа да биде министер ако реалната моќ во здравството е во Фондот за здравствено осигурување (Фондот има буџет од 910 милиони евра, а Министерството за здравство -130 милиони); дали мотивот треба да се бара во менаџирање на претстојниот голем инвестициски циклус (вреден 200-300 милиони евра) за изградба на клиничките болници во Штип (со Медицински факултет и студентски дом) и во Тетово, на општата болница во Кичево и на реконструкција на други болнички капацитети. Тема се и (не)остварените предизборни ветувања во оваа област, долговите на јавните здравствени установи, дигитализацијата на системот, случајот со непотребните операции на срце…

Прегледи: 0

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар