Од Јавното обвинителство тврдат дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација.
– Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија, велат од Обвинителството.
Денеска, Демократската унија за интеграција во соопштение до јавноста наведе дека информациите оти еден јавен обвинител се повлекол поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата е аларм за целото општество.
Текстот Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани е превземен од А1он.