Андрија Милошевиќ, популарниот српски актер кој во регионот стекна слава со серијата „Андрија и Анѓелко“, уште еднаш јасно застана на страната на студентските протести во неговата земја. Андрија инаку е вработен на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде заедно со своите колеги остана без плата поради поддршката за студентите во блокада.
Андрија реши малку театрално да ги поддржи студентите, па на интервјуто за емисијата „Да сам ја неко“ дошол во капут иако надвор било топло.
„Затоа што сакам да оставам впечаток дека можам да заминам во секој момент. Генерално. Тоа е поврзано со просторот во кој се наоѓаме и воопшто со просторите во кои се наоѓаме“, рекол Андрија и додал дека храброста во животот е всушност подготвеноста да си заминеме.
Се присетил и на своите студентски денови – кога дознал дека се отвора Факултетот за драмски уметности во Цетиње, веднаш знаел каде ќе замине на студии.
Вели дека научил се од актерот Бора Стјепановиќ: „Од него го научив истото што го научив од татко ми – да бидам бескомпромисен борец во животот. Порано велев дека кога имам проблем, а потоа се сомневам во сопствената реалност и можноста дека можам да ја променам, мислам на Бора Стјепановиќ“.
Зборувајќи за можните промени во општеството од времето кога студирал до сега, тој тврди дека всушност ништо не се променило.
„Во суштина, ова се такви времиња – од деведесеттите до денес, за жал, ништо не е сменето. Никаде не сме отишле. никаде не сме стигнале. Можеби ова е моментот да возвратиме – кога, како што јас го нарекувам, се случува мелење на демократијата, кога младите повикуваат на одговорност на институциите. Сега треба да возвратиме, да го вратиме нашиот културен идентитет“, истакнал актерот.
The post Актерот Милошевиќ поради поддршката за студентите останал без плата appeared first on Локално.