Почеток СВЕТ Делегација на Хамас оди во Египет за да „разговара за нови идеи“ за прекин на огнот во Газа

Делегација на Хамас оди во Египет за да „разговара за нови идеи“ за прекин на огнот во Газа

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Делегација на Хамас се упатува во египетската престолнина Каиро за да „разговараат за нови идеи“ за прекин на огнот во Газа, изјави претставник на исламистичкото движење.

Делегацијата, предводена од главниот преговарач на Хамас, Калил ал Хаја, „ќе има средби со египетските претставници за нови идеи насочени кон постигнување прекин на огнот“ на палестинската територија, според истиот извор.

Во четвртокот Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот, велејќи дека е против „делумен“ договор со повеќе фази и сака „целосен договор“ како што е предвидено.

Досега, движењето ја изрази својата подготвеност да ги ослободи сите израелски заложници кои се уште се во Газа од војната на 7 октомври 2023 година, барајќи за возврат прекин на непријателствата, повлекување на израелските трупи од територијата и почеток на реконструкција.

Израел, од своја страна, сака враќање на сите заложници и разоружување на Хамас и другите вооружени групи во Газа, за што палестинското движење вели дека е „црвена линија“ за која не може да се преговара.

Преговорите се водат со посредство на Египет, Катар и САД.

Војната започна по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, кој резултираше со смрт на 1.218 луѓе, главно цивили, според пребројувањето на АФП врз основа на официјални бројки. Според израелската армија, од киднапираните 251 лице тој ден, 58 се уште се во Газа, од кои 34 се мртви. Примирјето од 19 јануари до 17 март годинава овозможи враќање на 33 заложници во Израел, од кои осум загинаа, во замена за ослободување на околу 1.800 Палестинци од израелските затвори.

Според палестинските здравствени власти, најмалку 1.890 Палестинци загинале од обновувањето на израелската офанзива на 18 март, со што вкупниот број на загинати во Газа од почетокот на војната достигна 51.266.

Палестинската цивилна одбрана денеска соопшти дека во израелските напади во Газа загинале најмалку 26 лица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro