Почеток МАКЕДОНИЈА Петгодишно дете прегазено во Велес, итно е пренесено на клиниките во Скопје

Петгодишно дете прегазено во Велес, итно е пренесено на клиниките во Скопје

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Петгодишно дете е тешко повредено попладнево во сообраќајна несреќа што се случила на улицата кај Младински парк во Велес. Според информациите од Итната медицинска помош, детето било прегазено од патничко возило, по што му била укажана прва помош и веднаш било пренесено во Ургентниот центар при Општата болница во Велес.

Портпаролот на болницата, д-р Ванчо Граматов, информира дека на детето веднаш му биле направени сите потребни прегледи, вклучително и рентген и компјутерска томографија, при што биле констатирани сериозни повреди на главата. Поради сериозноста на повредите, детето било итно транспортирано на скопските Клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување.

The post Петгодишно дете прегазено во Велес, итно е пренесено на клиниките во Скопје appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro