Шпанското „Ел Класико“ треба да даде многу одговори за новиот шпански шампион, а тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти верува дека двата натпревари со Интер во Лигата на шампионите покажале дека тимот на Ханси Флик е ранлив во дуел играта и при изведување прекини.
– Изминативе неколку дена многу работевме на прекини и стратешки акции од корнери и слободни удари. Во финалето во Копа дел Реј видовме дека имаме добри извадувачи на прекини и добри скокачи како Чуамени и Ридигер. Овојпат нема да можеме да сметаме на Ридигер, но тоа дефинитивно е аспект од играта кој ќе го користиме. Сепак, тоа не е единственото на што работевме. Има многу други работи со кои може да и се нанесе штета Барселона. Може да се профитира од нивната високо поствена одбрана, од нивните офсајд замки….. Има многу работи за кои зборував со играчите, ако ме слушаат, ќе поминеме добро, – изјави Анчелоти со насмевка на лицето.