Broadcasted on May 12, 2025 (Monday) on MRT1 at 20.15.
Со заминување на Арбен Таравари, Владата нема да падне, но дали политички може да опастои – е една од темите на кои во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 разговараме со Биљал Касами, еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН и градоначалник на Општина Тетово. Дали министерските места што ќе ги ослободи партијата на Таравари ќе останат кај ВЛЕН или се можни други комбинаторики, колку е задоволен од статусот и постигнувањата на ВЛЕН во Владата, зошто не се реализираат предизборните ветувања за академија на науките и уметностите на Албанците, албанска банка, нов устав…, како им ја објаснуваат на гласачите блокадата на пристапниот процес за ЕУ, може ли да се испостави дека бркањето на Таравари од Владата е пократкиот пат за враќање на ДУИ на власт, се меѓу прашањата до Касами. Разговараме и за локалните избори (што ќе биде успех за ВЛЕН, дали Касами ќе се кандидира за нов мандат во Тетово), како и за некои локални прашања.
Прегледи: 0