Почеток МАКЕДОНИЈА Таравари да одговори со што го уценија ДУИ, и тој како СДС се претопи во нивната криминална шема

Таравари да одговори со што го уценија ДУИ, и тој како СДС се претопи во нивната криминална шема

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Таравари да одговори со што е уценет. Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДС го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување од Владата како на пример дека не биле третирани добро албанските прашања или дека имало застој на ЕУ интеграциите се само бледо алиби за неговото уценето делување, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од патријата потенцираат дека Арбен Таравари е уценет човек, цената на таквата уцена треба да се бара во бизнис или друг вид на мотиви.

Се потврди дека не е стабилен партнер со кого може да се гради политика. Тој треба да објасни на своите гласачи како сега за него ДУИ е правата вистинска и единствена опција, нагласија од владејачката партија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro